Премиерот Зоран Заев прашан за помирувањето и дали неговиот глас допре до Кривичниот совет кој укина мерки на претпазливот кон обвинети за настаните од 27 април, одговори дека разговарал со Министерството за правда за да праша дали е тоа поради неговиот повик за помирување или поради нешто друго.
– Дефинтивно луѓето си имаат обезбедено гаранција и откако ги поднеле во оваа фаза на процесот судот одлучил да ги прифати. Не ги знам ставовите на обвинителството и судовите, но мене ми е драго луѓето што излегуваат од притвор. Зошто? Бидејќи мојот апел отсекогаш бил притворот да не биде мерка за да се обезбеди присуство на судењето. Премногу притвори видовме во Република Македонија во минатото. Јас верувам дека треба да се посегнува и по други, олеснителни мерки и драго ми да дебатираме сите во парламентот. Тоа ќе биде уште подобро гледано од историски аспект за Македонија да присуствуваат и сите пратеници и да обебедиме двотретинско мнозинство во парламентот – рече Заев.