Од 1 декември ќе бидат зголемени платите на полициските службеници, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Во соопштението се наведува дека во периодот од јуни 2017 година до сега постојано се работело на подобрување на нивните условите за работа, нешто што не било правено цела деценија. Тие биле доведени во ситуација да работат во субстандардни услови и без потребната опрема и униформи.
Оттаму додаваат дека и понатаму ќе се вложува во подобрувањето на условите за работа на полициските службеници.