Коски пронајдени кај охридско село, полицијата се сомнева дека се од човек

153

Во Секторот за внатрешни работи од Охрид вчера било пријавено дека во месноста „Лозја“ во атарот на охридското село Рамне биле забележани коски што наликувале на човечки остатоци.

Екипа на охридската полиција по овластување на Јавен обвинител веднаш излегла на терен и извршила увид на лице место. Преземени се активности за расветлување на настанот, а ДНК-анализите и истрагата ќе утврдат дали станува збор за човечки остатоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...