Премиерот Заев, на собраниската расправа на 15 Октомври (понеделник) за уставните измени, рече дека поделбите по партиска линија да завршат и испрати порака за помирување за настаните од 27 април, за што, како што рече, подготвен е да ја плати политичката цена. Еве прилика да си простиме, да си подадеме рака… Заев рече дека сега најголемата одговорност з иднината на земјата е во рацете н пратениците и ги повика да гласат по сопствена волја, особено оние што се двоумат, да размислат како да гласат.
Вакво понудено добронамерно помирување од Заев кој беше во смртна опасност по неговиот живот на 27 април може да го направи само голем и извонреден човек! Такво нешто секој не може да направи, тоа може да го направи само храбар и добронамерен човек! Тоа го направи со политичка порака до опозицијата повикувајќи ги на тој начин да ги остават зад себе поделбите, омразата, личните и партиските интереси и инатот, совесно и разумно да помислат на иднината на Македонија, народот па и за нивните деца.
Имаше различни реакции на понудата на Заев за помирување за настаните од 27 април. Сашо Ордановски, добар аналитичар, во својата колумна „А Заев да престане со политичко лигавење„ од 16.10. (објавена во порталот arhiva.plusinfo.mk), во која на наведува дека на граѓаните правната држава им е поважна од љубеното НАТО … цитираме: „не го разбирам „христијанското„ лигавење на Заев од собраниската говорница за подадени раце, простувања, помирувања, вртење на другиот образ…„
Пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов од собраниска говорница го прочита писмото на државниот секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел упатено до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Мичел пишува: „…И покрај тврдењата дека можел да се постигне некаков ‘подобар договор’, ние не веруваме дека тоа е можно. Овој договор бараше компромис и од двете страни. Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении. Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот… Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда…„
Не верувам дека помирувањето што го нуди Заев ќе има влијание врз Мицкоски и другите како него со вжештени глави. Еден пратеник од ДПМНЕ, мислам Трајче Димов„ рече дека помирувањето всушност било спроведување на правда, демек учесниците од 27 април биле невини?! Од досегашното однесување на Мицкоски, кој ја гледаше во очи и ја лажеше Ангела Меркел дека нема да го бојкотира а го бојкотираше референдумот, ниту писмото на Мичел ќе има било какво влијание на него. Наредниот ден на 17.10 Мицкоски му одговори на Мичел дека Договорот е штетен и не може да го прифатиме. Писмото е напишано како до претседател на некоја месна заедница, да речеме во село Пулјарци, еве неколку извадоци – „… процесот на преговори беше воден без создаден амбиент, авантуристички, манипулативно сокриен од јавноста, без вистинска стратегија и со лажни пораки… Владата узурпирајќи го процесот, наметна манипулативно и повеќезначно референдумско прашање кое ги инкорпорираше и НАТО и ЕУ… Владата, која ја лажеше целокупната меѓународна заедница дека ќе испорача нешто што не е во можност да го испорача…
Овој Договор е штетен за интересите на мојата нација и татковина и како таков е НЕПРИФАТЛИВ за ВМРО-ДПМНЕ и за огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија, што впрочем и се покажа на последниот референдум каде што и покрај бруталното и насилничко полнење на кутиите од страна на луѓе блиски до Владата…
…доколку има некакви информации за закани, уцени или било какви обиди за влијание врз нивното одлучување и одлучувањето на било кој пратеник тогаш тоа е од кругови или поединци кои не се дел од структурите на мојата партија…
… овој процес му е доверен на човек кој не е искрен во намерите и ветува нешта што не може да ги исполни, притоа знаменосецот на таа идеја е посипан со десетици афери, сомнежи за криминал и отсуство на секаква волја за расчистување со случаите на корупција и вистинско владеење на правото. Факторот време покажува дека впрочем најголемата опасност поради кој земјава влегува во криза е токму првиот човек на владата…„
Види му го паметот на универзитетски професор! Главните компоненти за не прифаќање на Договорот биле: 1) затоа што опозицијата не биле вклучена во преговарањето; 2) референдумското прашање било повеќезначно и манипулативно (ако се сеќавате, Мицкоски предлагаше – „дали го прифаќате Договорот со Грција кој е многу штетен за Македонија!„); 3) заканите и уцените на пратеници не било од структурите на партијата ДПМНЕ (најверојатно се од СДСМ!); 4) Процесот на преговарањето било доверено на неискрен човек (Заев) кој бил има десетици афери, сомнежи за криминал, отсуство на волја за расчистувањето со корупцијата и токму првиот човек на владата е најголемата опасност поради која земјата влегува во криза!
Јаки адути за не прифаќање на Договорот нема што! Браво бре професоре не ја пропушти шансата да го нападнеш Заев како криминалец и најголем виновник што нема да се направат уставни измени и со тоа земјата по негова вина ќе влезе во криза! Писмото е пишувано како за претседател на месна заедница член на ДПМНЕ со чипиран мозок како и неговиот а не за висок американски дипломат како што е Вес Мичел. Толку му е капацитетот на наш Мицко; секој разумен човек би се срамел со вака напишано писмо испратено до Стејт департаментот на Америка! Толкав му е капацитетот на Мицко! Верувам дека Вес Мичел ќе биде зачуден од писмото на професорот кој не пропушти да ги спомене и неговите студенти во писмото, а најверојатно Мичел добро ќе се изначуди и изнасмее на писмото …
Мицкоски како крајно неразумен човек до сега, после сите убедувања од СДСМ и Зоран Заев, МАНУ, високи државници од ЕУ, Америка, Германија и сега пратениците на СДСМ во расправите за уставните измени во Собранието овие три дена (15,16 и 17 октомври), ништо не успеа Мицкоски да го промени ставот од потпишувањето на Договорот од Преспа 11 јуни сѐ до сега. Мицкоски за цело време го напаѓаше Договорот служејќи се со ноторни лаги и што е најважно тој го организираше бојкотот на референдумот од страна на членството на ДПМНЕ, поради што не се обезбеди цензус и формално правно гледано тој беше неуспешен. За да го поткрепи неуспешниот референдум Мицкоски на најбезобразен н начин се повикува на 1.200.000 гласачи кои не гласаа поради апстиненција и бојкот организиран од него, дека гласале „против„. Тој остана доследен на почетното барање дека без амнестија на Никола Груевски и раководството на ДПМНЕ од судско гонење за направениот криминал нема поддршка на Договорот и нема да гласат за уставните промени.
На 17 октомври (среда) пратениците од опозицијата се повлекоа од дискусија и се повлекоа од Собранието, а претседателот Џафери ја одложи седницата за петок на 19 октомври кога ќе се гласа за уставните промени. Не верувам дека нешто ќе се измени до петок, опозицијата ќе гласа против уставните промени, а со тоа останува да се оди на предвремени парламентарни избори. Нема пратеници од опозицијата кои ќе гласат за уставните промени, барем 9 од нив, кои би ги прогласиле за херои на Македонија, независно од тоа кои се, и какви се тие пратеници. А сите оние пратеници од опозицијата кои ќе гласат против уставните промени ќе ги прогласиме за велепредавници на државата што на Македонија и народот им нанеле непроценлива штета во иднина да живее во изолација и сиромаштија…
Што се однесува до Мицкоски, за организиран бојкот на референдумот со големи штетни последици заради неуспешниот референдум, како и за велепредавство на државата Македонија треба кривично да одговара.
Замислете каква трагедија, од еден неразумен и забеган човек по име Мицкоски со лице на глушец а душа на ѓавол да страда цела Македонија и цел народ вклучувајќи ги и децата на велепредавниците. И уште пострашно, испаѓа дека од еден обичен криминалец по име Никола Груевски и од еден бедник послушник и неразумен Мицкоски ќе страда цела Македонија, а тие двајца неранимајковци како да вредат повеќе од државата Македонија и народот во неа! Незамисливо…