Насекаде мртви, расте бројот на жртвите во нападот на Крим ГАЛЕРИЈА, ВИДЕО

1362

Бројот на жртви во масакрот во Политехничкиот колеџ во Керч се искачи на 19, а 52 лица се хоспитализирани поради повреди, соопштија локални медицински извори.

Според заменик премиерот на така наречаната руска Република Крим, Игор Михајличенко, извршителот на масакрот отворил оган по експлозијата што се случила во колеџот.

– Истрелите беа по експлозијата. Мотивите се непознати, истражителите работат – посочи Михајличенко.

Претходно беше објавено дека ученик влегол во колеџот и почнал да пука врз присутните, а потоа се самоубил.

Портпаролката на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко изјави дека 18-годишниот ученик Владислав Росљаков пристигнал во колеџот со пушка и почнал да пука врз присутните.

Росљаков беше ученик во четврта година. Неговото тело со прострелна рана е пронајдено во библиотеката на вториот кат. Тој немал криманално досие, не бил агресивен, бил примерен ученик и добивал стипендија.

Фото: EPA/KERCH.FM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...