Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) изјавена против решенија на судија на претходна постапка, донесе решение со кое жалбата на обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка.
Станува збор за жалбите на СЈО во новата истрага „Поштенска банка“ каде им беше одбиено барањето да се определи притвор на Ратко Димитровски кој во истрагата е осомничен како сопственик на печатницата „Европа 92“ Кочани, Томе Главчев како сопственик на „Ноел Експорт импорт“ Гевгелија и на Коле Смилевски како генерален директор на „Поштенска банка“ АД Скопје.
Судот, сепак, определи дополнителни мерки на претпазливот за Димитровски и Главчев на кои им ги одзема пасошите.
Тројцата заедно со уште шест други лица (Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев) се осомничени за перење пари, а Главчев и Димитровски и за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Во истрагата само за делото злоупотреба на службена положба и овластувања биле опфатени и Љубчо Георгиевски во својство на премиер во 2001, Марјан Ѓорчев како вицепремиер, Никола Груевски како министер за финансии., но поради застареност тројцата куртулија од кривичен прогон.
Повеќе за новата истрага на СЈО можете да прочитате ТУКА.
Реакции за истрагата:
Георгиевски: Жал ми е што СЈО реши да ми го извалка името, со обвинените едно пиво се немам напиено
Груевски: Ако не ме спомене, СЈО не го чувствува предметот доволно атрактивен