Педесет и осумгодишниот Т.И. од Република Албанија починал вчера по пад од дрво во село Брждани, Кичевско. Тој имал пријавено привремен престој во Кичево
Вчера околу пладне во Полициската станица Кичево било пријавено дека во село Брждани имало лице кое било повредено при пад од дрво.
Екипа од Итната медицинска помош констатирала дека лицето има повреди на главата и дека е без знаци на живот.
Полициски службеници извршиле увид и било утврдено дека се работи за лицето Т.И.(58) од Република Албанија, со пријавен привремен престој во Кичево.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.