Вардарки рутински до победа против Будуќност

Во четвртфиналето Вардар ќе игра против дански Митјиланд.

116

Ракометарките на Вардар на гостувањето во Подгорица го совладаа тимот на Будуќност со 30:25.

„Црвено-црните“ уште во почетокот од натпреварот наметнаа темпо и во поголемиот дел се одржуваа во минимално водство.

Ова беше натпревар со многу голови, а двете екипи беа концентрирани на играта во нападот.

Вардар на паузата замина со предност од три гола (12:15), но Будуќност во почетокот на вториот дел брзо дојде до израмнување од 15:15. Меѓутоа вардарки успеаа да ја вратат контролата над натпреварот и да стигнат до водство од четири до пет гола што го задржааа до крајот на мечот.

Значаен дел од победата на „црвено-црните“ има и одбраната на Суслина, која го затвори приодот кон голот на Вардар.

Натпреварот немаше резултатска важност за двата тима, но вардарки го потврдија веќе осигурано првото место, а Будуќност четвртата позиција на табелата за следната четвртфинална фаза во ЛШ.

Во четвртфиналето Вардар ќе игра против дански Митјиланд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...