Осум нови училници или вкупно 569 квадратни метри ќе бидат на располагање на учениците и наставниците во Основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар.
Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ денеска го посети училиштето и ги отвори новоизградените училници со кои се подобруваат условите за квалитетно образование.
– Во 60 години постоење на училиштето, ова е прва и единствена голема инвестиција за обезбедување подобри услови за работа во ова училиште – информира општина Центар.