Маж од село Костурино починал откако се превртел од трактор, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во СВР Струмица било пријавено дека околу 18.30 часот кај место наречено „Голаш“ над село Костурино, струмичко, К.М.(64) се превртел од трактор и починал на местото-велат од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.