Дејан Карапеев: Најпознатиот македонски шеф со кујна на море

Веќе 7 години работи на една од најлуксузните јахти (се наоѓа во топ 6 што пловат по хрватските острови), а годинава, токму поради неговата маестралност во кујна, го добиле и признанието за најдобра храна на Јадранот.

968

Тој е можеби најмладиот македонски шеф, но не и со најмало искуство. Дејан Карапеев има 28 години, а зад себе веќе 13 години искуство.

Да, да, тоа е случај речиси со сите наши професионални готвачи кои завршиле во средното угостителско училиште бидејќи таму, веќе од втора година учениците почнуваат со пракса во рестораните.

Дејан сакал да готви уште додека бил многу мал и од секогаш, како што вели и самиот, бил „буцко“, сакал да јаде и да ѝ се плетка на мајка си во кујна. Се сеќава дека еднаш некаде на гости пробал чоколадни бомбици кои одлично му „легнале“ па решил и самиот да ги направи дома. Кога стасало време да се запише во средно, под влијание на родителите кратко се двоумел помеѓу медицина и гастрономија, но сепак се одлучил за второто. И не згрешил.

Ужива во својата работа и ја прави со голема љубов, умешност и креативност.

Многу е млад, но и амбициозен. Со своите колеги од здружението Macedonian Multiethnic Culinary Chefs соработува беспрекорно, а токму еден од нив, шеф Зоран Мајновски со кој го направивме и првото од серијата интервјуа со членовите на ова здружение, беше наш домаќин. Со Дејан зборувавме во ресторанот „Естел“, но се надеваме дека следната средба ќе биде на отворено море.

Шега на страна, Дејан половина година, веќе цели 7 години работи, поточно, ужива готвејќи им на гостите на Аборда јахтинг, една од најлуксузните јахти (се наоѓа во топ 6 што пловат по хрватските острови), а годинава, токму поради неговата маестралност во кујна, го добиле и признанието за најдобра храна на Јадранот.

Целиот текст прочитаате го на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...