Дајте да им дадеме амнестија, бидете практични, доста се мачеа луѓето, порача пратеникот Бранко Манојлоски од ДУИ и ја повика власта да гарантира безбедност за секој пратеник од опозицијата што ќе гласа за Догоговор со Грција.
Ова пратеникот Манојлоски го предожи на третиот ден од расправата за владиниот предлог за уставни измени според преспанскиот договор.
– Задниот збор е пари. Се е економија и пари. Бидете практични, дајте им право да гласаат и стојте зад нив, и гарантирајте им иднина. Ако им дадете амнестија, така ќе биде и поевтино. И секој вмровец кој ќе гласа за договорот државата да стои зад него, ама прво да гласа и да се амнестираат сите грешници- порача Манојлоски.