Ноќеска во тунелот Демир Капија-Смоквица 1 час ќе се вози по една лента

460

Во периодот од 23 до 00:00 часот вечерва ќе се изврши санирање на дефект на дел од опремата инсталирана во тунел 1 – Демир Капија, правец: Гевгелија – Скопје, соопшти ЈП „Македонија пат“.

Поради овие причини едната сообраќајна лента во тунелот ќе биде затворена во наведениот период. Во овој период брзината во тунелот ќе биде ограничена на 40 километри на час и сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...