Ќе прозбори ли денеска загрозениот сведок за 27 април?

525
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Со сведочење на загрозениот сведок С1 денеска треба да продолжи рочиштето за случајот „27 април“ на Основното јавно обвинителство во кое се обвинети вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На вчерашното рочиште кое започна во новата зграда на Кривичниот суд, јавноста беше исклучена, а поради технички причини судењето свеочењето беше прекинато на почетокот, а по неуспешниот обид да се надминат техничките проблеми, судењето продолжи во стариот објект на судот. Меѓутоа и таму не дојде до распит на сведокот поради расправијата меѓу судечкиот совет и адвокатите за лошите услови во старата зграда на судот. Сите, околку 50-тина, адвокати беа казнети со по 1.000 евра, по што го напуштија судењето. Судијката Добрила Кацарска ангажираше адвокати по службена должност, но дел од обвинетите сакаа да ги застапуваат нивните адвокати. Денеска, повторно загрозениот сведок треба да се појави во судот за да сведочи. Тој се наоѓа во друга просторија, со заматен лик и изменет глас, неговиот исказ се пренесува на монитор во судницата.

На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во своите искази тие ги објаснија нивните дејствија за време на критичниот 27 април минатата година.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...