Бранко Героски за писмото од Мичел- Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија во „Само вистина“ рече дека пораката е многу јасна дека договорот од Преспа е договор што треба да се прифати. Западот како политичка хемисфера е гарант и инспиратор и сериозен учесник во овој договор најверојатно, и затоа јасно кажува дека нема да има можност за ново преговарање или за преговарање на делови од тој договор.
Според Горан Момировски писмото треба да биде внимателно прочитано од челниците на ВМРО ДПМНЕ и пратениците од оваа партија но и изрази сомнеж дека е задоцнето ова писмо и дека Мицкоски веќе нема влијание врз пратениците односно нема моќ да им наложи како да гласаат.
Героски остана на ставот дека СДСМ и ВМРО ДПМНЕ односно нивните лидери да седнат и да се договорат во интерес на намалување на длабоката конфликтност во општеството . Не смета дека на избори било која од партиите би освоила двотретинско мнозинство , туку можеби можност да се западне уште во еден ќорсокак.
Момировски нагласи дека не очекува договорот од Преспа да има двотретинска поддршка во собранието , иако и остави простор за такво нешто бидејќи како што рече во четвртокот висок функционер на ВМРО ДПМНЕ бил во посета на штабот на СДСМ.
И двајцата сметаат дека нема случајност во тоа што денеска двајца пратеници од ВМРО ДПМНЕ обвинети за 27 април Љубен Арнаудов и Сашо Василевски се пуштени од домашен притвор со парична гаранција, особено по вчерашниот апел од Заев за простување и помирување.