Судските случаи и пресуди докажуваат како ВМРО-ДПМНЕ управувало со државата и општините, се санираат штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.
„ Како ВМРО-ДПМНЕ 11 години управуваше со државата и општините најдобро покажуваат судските процеси и правосилните пресуди против бројни поранешни функционери на опозициската партија. Преку криминалното и расипничко владеење за задоволување на лични криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави пустош во локалната самоуправа, а голем број општини се заглавени во долгови.
За разлика од таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, локалните власти предводени од СДСМ за само една година успеваат да ги санираат штетите создадени од криминалното и расипничко однесување на опозициската партија.
СДСМ како одговорна партија останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат квалитетен живот на сите граѓани. И на централно и на локално ниво, властите предводени од СДСМ продолжуваат да работат отчетно, одговорно и во интерес на граѓаните“, стои во соопштението.