ВМРО-ДПМНЕ испратила барање до Собранието во кое се бара на Христијан Мицкоски да му се овозможи да се обрати пред пратениците за уставните измени.
„Со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од Уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција, и чиј што претседател, проф. д-р Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните претставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чувствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени“, стои во дописот до Собранието.