Утре промоција на евровизиската песна на МРТ

600

Евровизиската песна  „Lost and found“ со која годинава групата ,,Ај Кју’’ ќе ја претстави земјава на 63. издание на Евровизија во Лисабон, Португалија, ќе биде промовирана утре ( недела) во Дневник 2 на МРТ во 19,30 часот.

Песната ќе биде промовирана со спот, чиј режисер е Јован Куциновски.

„Lost and found“ беше избрана по пат на конкурс, помеѓу 382 пристигнати песни.

Евровизијата ќе се одржува од 8 до 12 мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...