„Пајак” доаѓа во Кавадарци, ќе се става ред во паркирањето

88

Во Кавадарци ќе се става ред во паркирањето, а за еден месец треба да  стигне и пајак возило, најавува кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Се работи на формирање јавно претпријатие за паркирање во општината и изградба на две катни гаражи. Од објективни причини досега не беа извршени измени во генералниот и деталниот урбанистички план и не беа изградени гаражите. Тие ќе почнат да се градат  во наредната година. Општината го обележа целокупното градско подрачје за паркирање, ќе се обележи прва, втора и трета зона- појаснува Јанчев за МИА.

Градоначалникот нагласи дека засега, до крајот на годината, паркирањето нема да се наплаќа.

– Ќе биде тоа  пробен период од три месеци. Ќе се отстрануваат само најнепрописно паркираните возила. Оние паркирани на пешачки премини, во тревници и слично. Пајак службата  и јавното претпријатие ќе почнат  да функционираат најверојатно од кај средина на ноември. Од февруари – март,  се очекува и целосно решавање на проблемот со паркирањето- вели Јанчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...