Јас сум непријатно изненаден токму со барањето за помирување, но тоа не треба да биде алузија дека ќе има амнестија за случувањата од 27 април, вели професорот Јове Кекеновски во изјава за Цивилмедиа.
-Факт е дека постојат притисоци врз пратениците и од едната и од другата страна, но слушавме и одредени дисонантни тонови на одделни пратеници преку нивни постави што не кореспондираат со ставот на партијата… ова ќе биде период кога очигледно уште притисок ќе се врши, така што постои сè како опција – изјави Кекеновски.