МНР: Шпекулација е дека Владо Бучковски ќе биде амбасадор во САД

451

Нема вистина во пишувањата дека Владо Бучковски, поранешниот премиер и министер за одбрана ќе биде идниот македонски амбасадор во САД, станува збор за шпекулација, велат извори во МНР за Плусинфо.

Информацијата дека на неформален список на министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, името на Владо Бучковски е резервирано за амбасадорското место во САД во јавноста беше дочекано со неверување, критики и коментари на социјалните мрежи.

Изненаден од непотврдената вест беше и Бучковски кој за Плусинфо изјави дека е „голем предизвик да се биде македонски амбасадор во САД, но како што рече, „за волја на вистината, ниту со премиерот, ниту со министерот за надворешни работи Димитров“, не разговарал на оваа тема.

Оваа вест прв ја објави порталот Магазин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...