Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој помина со најтешки последици во крвавиот четврток во Собранието, преку Фејсбук му порача на Зоран Заев дека не е цар за да простува туку само премиер на држава.
– Не знам дали премиерот Зоран Заев имал семејни или лични проблеми на 27 април кога денеска пружа рака за помирување.
Ако тој мисли за случувањата на 27 април во Собранието тогаш треба да знае дека не е над институциите и правдата. Тој е избран за премиер на државата, а не за цар, напиша Села.