Скопје мора јасно да разбере дека решение за името нема да има без ратификација на Договорот од Преспа , изјави денеска грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас.
Коѕијас ја даде изјавата за министерскиот состанок во Луксембург, говорејќи за билатералниот договор кој ќе мора да добие зелено светло и од макеоднскиот и од грчкиот парламент, пренесува агенцијата АНА –МПА.
На состанокот во Луксембург , министрите за надворешни работи на Европската Унија разговараа за резултатите од референдумот во Македонија на која иако излезноста беше мала , имаше голема поддршка за Договорот од Преспа.