Вечерва полициски службеници од СВР Тетово во село Гајре го приведоа А.К.(53), осомничен дека вчера во село Мала Речица со пиштол ја убил неговата сопруга Х.К.(52).
Мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува.
Напуштајќи ја куќата, осомничениот пукал и кон такси-возило во близина. Таксистот не е повреден, но пронајдени се проектили во автомобилот. По настанот осомничениот избегал и по него се трага.
Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатата, како и наредби за прибирање и за вештачење траги и материјални докази пронајдени на самото место.