СДСМ: Мицкоски не сака помирување, него го интересира само амнестија

1153

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е навикнато на стариот принцип на интервенции на извршната врз судската власт. Тие ништо не научиле и како да заборавиле дека помина времето кога нивниот поранешен, а сега осуден премиер рецитираше изрекување притвори и судски пресуди, соопшти СДСМ.

-Македонија има независно и професионално судство, ниту Мицкоски ниту Груевски, ниту кој било друг не може да интервенира врз судски одлуки. Мицкоски и раководството да престанат да се интересираат за амнестии и да дадат одговор дали се за национално обединување или не? Дали се за НАТО и ЕУ или не?
Конечно, ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучи и понатаму, по секоја цена да ја блокира иднината, го повикуваме секој пратениик да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и за подобар живот за сите граѓани. Ако тоа не се случи, мнозинството во Собранието ќе изгласа предвремени избори на кои ќе бидат обезбедени потребните 2/3 во Собранието, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...