Серена Вилијамс: Не е лесно да се биде „црн“ во тенисот

- Не е лесно да се биде „црн“ во спорт, посебно во тенисот каде нема многу играчи со темна боја на кожата. - изјави Серена Вилијамс.

140
EPA/ERIK S. LESSER

Американската тенисерка Серена Вилијамс, која одби да учествува на турнирот во Пекинг и ја заврши тековната сезона пред време, рече дека во тенисот и воопшто во спортот не е лесно да се биде со темна боја на кожата.

Таа, исто така, истакна дека сестра и Венус многу и помогнала во овој поглед.

– Не е лесно да се биде „црн“ во спорт, посебно во тенисот каде нема многу играчи со темна боја на кожата. Имав среќа мојата сестра Венус која пред мене ја започна кариерата, да отвори толку многу врати и граници. Така беше многу полесно за мене. Сите ние доживуваме различни емоции за кои не е толку лесно да се зборува. Но, мислам дека треба да го направиме тоа – изјави Серена Вилијамс.

Оваа сезона, 36-годишната Американка има 18 победи и шест порази.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...