Опозициската ВМРО-ДПМНЕ наскоро се очекува да излезe со став за „понудата“ на премиерот Зоран Заев за помирување за настаните од 27 април.
Говорејќи за „крвавиот четврток“, Заев рече дека „дојде време да им кажеме „стоп“ на поделбите, еве шанса да си простиме“.
Тој испрати порака за, како што рече, „да си простиме и да се помириме“, додавајќи дека е спремен да ја понесе политичката одговорност за пружената рака на простување на настаните од 27 април лани.