Тунтев: Соберете се и одете кај вашиот лидер, убедете го да го препознае моментот

2181

Соберете се сите и одете уште еднаш и колку пати треба кај вашиот лидер, да се обидете да го убедите вашето политичко раководство да го препознае моментот. Не е работата ние да бараме 9-10 пратеници, ние сакаме 120 гласа тука. Ако не 120, барем 30-35 ваши гласови. Знам дека некои од вас го чувствуваат ова. Затоа има надеж, разговарајте колку што е потребно. Дајте некој амандман, можеби нешто сме превиделе, ќе разговараме и за тоа, им порача координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој им кажа да му пренесат на Мицкоски дека светот отиде напред, нема време за губење и оти ретко се случува да се наместат коцките да има лидер кој е решен да стави крај на овој проблем, како и да има исто такво расположение во Грција.

Првата опција, рече пратеникот, е да се гласа сега во Собранието, втората се избори со кои ќе се одолговлече целиот процес, третата е небиднина, а четврта нема ниту пак некој понудил.

– Не постои влада, премиер, министер за надворешни кои во изминатите 27 години не разговарале за решение на проблемот со уставното име. Сите сме знаеле дека еден ден ќе дојде до промена на уставното име затоа што една членка на НАТО и ЕУ има проблем со уставното име на Република Македонија и сите генерации на премиери, министри, влади, собраниски состави знаеле дека ќе дојде ден кога ова ќе треба да се реши. Еве го денот, решението ја става Македонија еднаква меѓу останатите – рече Тунтев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...