Малкумина го чуваат името пред Собрание (ФОТО)

1109
Триесетина лица се собраа претпладнево пред Собранието на Македонија за да протестираат против потребата за уставни измени со цел промена на името на нашата држава.
Демонстрантите сметаат дека нема да има мнозинство со цел да се донесат измените. Тие бараат Владата итно да си поднесе оставка и да одговара за предавство.

Секој момент треба да почне 61. седница на Собранието на која точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.

Фото: Плусинфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...