Храната поевтине, поскапе само шеќерот

127

Светските цени на храната се намалија минатиот месец во споредба со август, при што регистрирани се само повисоки цени на шеќерот. Тоа го соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).

Индексот на цените пресметан од ФАО и измерените месечни промени во цената на потрошувачката кошничка (житарки, масло, млечни производи, месо и шеќер) во септември изнесуваше 165,4 поени, во споредба со 167,7 поени во август.

ФАО прогнозира дека глобалното производство на житни култури ќе изнесува 2,59 милијарди тони во 2018 година, што е за три милиони тони повеќе од претходната прогноза во септември, но сепак за 63 милиони тони или 2,4 проценти пониско од претходната година кога било рекордно ниво на производство.

Проекцијата на ФАО за производство на пченица во светот оваа година е речиси непроменета, бидејќи изнесува 722,4 милиони тони, и тоа е најниско производство од 2013 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...