Тетовец си ја убил жената и избегал

352

Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал со пиштол својата една година помлада сопруга по што избегал, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според првичните информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. По застрелувањето на сопругата тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но никого не погодил и избегал.

Полицијата презема интезивни активности за негово пронаоѓање и приведување. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а повеќе информации за настанот се најавени во текот на денот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...