Граѓаните и фирмите во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од утре ќе почнат да добиваат топлинска енергија, се до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака.
Во рамките на овој период, доколку надворешните температури се пониски, се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов, информираа од БЕГ и додаваат дека годинава, споредено со минатата година, бројот на нови потрошувачи е зголемен.