Ѓорѓиевски: МВР крие близок до СДСМ за напад со нож на две лица

523

Медиумите информираат дека пред недела дена во кафе бар во Драчево од страна на лице блиско до власта како последица на банална расправија се избодени со нож две лица. Дополнително информираат дека едното лице со тешки телесени повреди на дишните патишта се бори за живот. Оваа информација со јавноста е споделена по 5 дена од случајот и тоа не од извори од МВР, туку од информации преку социјалните мрежи, бидејќи и МВР и ЈО молчат, обвини Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Настанот кој се случил на 7 октомври, во билтен на МВР е објавен на 10 октомври. Цели 3 дена подоцна. Нападнатите кои се здобиле со тешки телесни повреди по настанот се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Едно од лицата кое што се борело за живот и има тешки телесни повреди, кои се животно загрозувачки. МВР под контрола на Спасовски реагирала цели 3 дена по случајот, при што до ЈО поднело кривична пријава за насилство, а не за обид за убиство. Оливер Спасовски мора да одговори. Кој и зошто го криел настанот цели 3 дена? Кое е лицето напаѓач и дали неговата блискост со СДСМ е причината за односот на полицијата кон овој случај – рече Ѓорѓиевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...