Парламентарното мнозинство очекува во понеделник на 14 октомври пратениците на опозицијата, барем дел од нив за да се добие двотретинско мнозинство потребно за уставните промени, Заев мака мачи како тоа да се направи не сакајќи при тоа да влезе „во матни води„ како што тоа правеше Љупчо Горгиевски премиер на владата на ДПМНЕ кога јавно купуваше пратеници за да остане на власт. Но потпишаната virgo лист хартија за глоба од 600.000 евра во случај пратеникот да гласа против волјата на врвот од партијата (Атанас Вангелов), во таков случај тоа ќе се расчистува во судска постапка. Одговорните и чесни пратеници на ДПМНЕ кои сакаат да ги подржат уставните промени добиваат закани од раководството на ДПМНЕ диригирано лично од лидерот Мицкоски. Слушам се заканувале со смрт на пратеници и нивни деца, и не можам да верувам дека тоа се случува во европска држава во 21 век!
За тоа време додека се очекува некаков пресврт кај пратениците на опозицијата, Централниот комитет на ДПМНЕ по сугестија на Мицкоски разговара за предвремени парламентарни избори и за програмата што ќе ја понудат на изборите, кажувајќи дека Договорот од Преспа за нив бил мртов. На 13 октомври Мицкоски на место да појасни на јавноста поради кои причини не ги подржуваат уставните промени со аргументи, тој глупаво изјавува дека Македонија била во општествена, економска и политичка криза поради неспособноста на Владата на Заев да управува со политичките процеси, да испорача резултати кои биле ветени и потребни на граѓаните, а Договорот од Грција бил параван зад кој се одвива грабежот на деценијата. Ајде види му го паметот на Мицко, кога се решава за стратегиско прашање за Македонија за влез во НАТО и ЕУ, за иднината на Македонија за нејзина безбедност и подобрување на стандардот на народот, тој кутриот не може да се ослободи од опсесијата да го напаѓа Заев кој најверојатно му е ноќна мора! Мицкоски со цел памет бара Заев да си даде оставка, но не кажа дали мисли тој да седне на таа фотелја! Човекот изгубил памет, Господ му го земал и тој памет што го има! Мицкоски е крајно не одговорен и неморален човек, голем лажго и преварант и со него не може да се постигне било каков договор и правилно Владата директно преговара со пратениците од опозицијата за уставните промени од кои тој е изолиран.
Цела македонска јавност, па и меѓународната заедница, е окупирана со уставните промени според Договорот со Грција, само Мицкоски размислува за избори како Договорот со Грција да не постои! Ова ме потсетува на изреката „село гори а баба се чешла„!
Лидерот на ДПМНЕ Мицкоски јавно го бојкотираше референдумот што е познато на домашната и на меѓународната јавност. Може да се претпостави дека најмалку 300.000 гласачи членови на ДПМНЕ поради повикот на бојкот на референдумот не излегоа на гласање, доколку не беше бојкотот и сите тие да гласаа „против„ ќе се обезбедеше цензусот и референдумот од правен аспект ќе беше успешен. И вака со бојкотот, со дадените 609.000 гласа „за„ референдумот е успешен, што го признава и меѓународната заедница. Само кукавици како Мицкоски може така подло, неодговорно и несериозно да го бојкотира референдумот и уште 1.200.000 гласачи кои не гласале ги смета како да гласале „против„! Крајна безобразност! И тој да ти бил политичар! Беда од човек но трагедија за Македонија.
Замислете еден Мицкоски онака каков Бог што го дал, со лаги и измислици, недозволено за лидер на најголема опозициона партија, човек без одговорност и морал ја става во заробеништво цела Македонија со тоа го кочи целиот процес на уставните промени спрема Договорот со Грција и го спречува членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Зарем не може цела држава, Владата, Собранието со сите државни и судски институции да се справи само со еден човек – Мицкоски кој е неразумен и забеган човек! За секој проблем постои решение, само треба да се постапи соодветно на ситуацијата; треба да се најде некој мунасит за да се скроти човекот кој е спремен со глава sид да руши, кој не размислува на последиците се’ додека неговите будалштини не му се срушат од глава!
На таков неразумен човек како Мицкоски џабе се убедувањата што сѐ Македонија и народот добива со влез во евро атлантските интеграции. Секако дека на Мицкоски како универзитетски професор сето тоа му е познато, познато му е и тоа дека Македонија без НАТО и ЕУ ќе остане изолирана и крајно сиромашна балканска држава, познато му е и тоа дека безбедноста на Македонија па и на регионот ќе биде доведен во прашање, познато му е и тоа дека Албанците знаат дека доколку не се прифати овој Договор со Грција никогаш нема да се постигне друг било каков договор и тие нема да бидат заложници на Македонците па со полно право тие можат да побараат решение и на друг начин. Во неговата глава ништо не влегува од укажувањата за предностите од домашната јавност и меѓународната заедница, затоа треба да се менува тактиката спрема него и ДПМНЕ и на друг начин да се делува со Мицкоски како со неразумен човек!
Сега доаѓаме на прашањето како да се постапува со Мицкоски? Ако не се постигне договор за двотретинско мнозинство за уставните промени и се оди на предвремени парламентарни избори, против Мицкоски од надлежен орган, невладини организации или од граѓани треба да му се поднесе кривична пријава за организиран бојкот на референдумот со значајни последици (неуспешен референдум) казниво кривично дело по член 373 од Кривичниот закон за што е предвидена казна затвор до 5 години. Докази има колку да сакаш, интервјуа на телевизии, изјави во весници и портали, а најверојатно Министерството за внатрешни работи има и дополнителни докази.
Второ, министерот за внатрешни работи Спасовски изјави дека најверојатно со знаење и поттикнување од страна на Мицкоски одделни активисти на ДПМНЕ (најверојатно од раководството или оние со качулките од 27 април!), им се заканувале на некои пратеници од ДПМНЕ кои би прифатиле да гласат за уставните промени по свое убедување. Поттикнување на закана за убиство на пратеник или негово дете, како и со фактот што тие закани не ги спречува, се прават со негово знаење а со тоа ги дозволува, Мицкоски прави и друго кривично дело поттикнување на закана за убиство што е казниво спрема Кривичниот закон.
Трето, некаде прочитав а тоа во едно интервју го спомна и Заев дека Мицкоски поседува акции или сопственост на повеќе мини хидроцентрали во вредност од 19 милиони евра. Плус тоа многу тендери поминаа преку рацете на Мицкоски кога тој беше директор на РЕК Битола, па можеби некаде и тој има замешано прсти и бркна во медот да се заблажи! Нека Јавното обвинителство по допрен глад нека поведе пред истражна постапка да испита дали Мицкоски и има некои не законски дејствија во стекнување на сопственост на мини хидро централите или кај тендерите, па доколку има докази да покрене кривична постапка и за овој случај. Можеби и да нема криминал, но тоа јавноста треба да го знае.
Поднесување на кривични пријави против Мицкоски секако дека ќе имаат негативно влијание на неговиот рејтинг и на ДПМНЕ за време на изборите што тоа треба да се направи кога за наведените кривични дела постојат сомневања. Доколку Никола Груевски се стави во затвор според законската процедува некаде за дваесетина дена, исто за време на изборите, овие две работи значајно ќе го зголемат рејтингот на СДСМ и Заев и значајно ќе се зголеми бројот на гласови за време на изборите во корист на СДСМ.