Десет илегалци биле откриени во автомобил на скопјанец, вчера вечерта на автопатот Гевгелија-Скопје. Полицијата го уапсила возачот Д.Б.(35) од скопското село Трубарево.
Според МВР, синоќа во 22 часот, на клучката за Миравци, полициски службеници запреле автомобил „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки што го управувал Д.Б.
По запирањето, возачот Д.Б. почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и уапсен. Во автомобилот биле пронајдени 10 мигранти од Ирак, Aвганистан, Пакистан и Иран, кои биле приведени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.