Полицаце уценувал поранешна девојка да ја продолжат врската

461

Во Полициската станица Тетово, жена од тетовско, пријавила дека била уценувана и физички нападната од лицето Ф.А. полицаец од Камењане, поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него.

Според пријавата, жената ја прекинала врската со Ф.А. пред една година и оттогаш одбивала да се сретне со него. Пред една недела, додека жената. била во угостителски објект, дошол Ф.А. и и се заканил дека ќе ги објави нивните заеднички фотографии и видеа и дека ќе каже на нејзиниот татко и нејзииот сопруг дека му била љубовница. На 13октомври, околу 12.50 часот, додека жената била на работа, дошол Ф.А. и физички ја нападнал.

За случајот веднаш е запознаен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги професионални стандарди во Министерството за внатрешни работи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...