Јулијана Николова: Да ги послушаме граѓаните да гласаме за уставните амандмани

1241

Исправени сме пред мошне значајна, историска одлука за сите наши граѓани и нашата држава. Сега е моментот на одговорност и делување, зошто не се знае дали некогаш воопшто ќе ја имаме оваа шанса, изјави Јулијана Николова, пратеничка од коалицијата предводена од СДСМ.

– Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани, следен чекор е пратениците да ја донесат сопствената одлука и со тоа да бидат запишани како учесници на донесувањето на најважната одлука за државата и воедно за граѓаните.
Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава.
Сегa е моментот сите заедно, со заеднички сили да покажеме колку ни е грижа и колку и сакаме најдобро на нашата земја обезбедувајќи и светла иднина и членство во ЕУ и НАТО. Граѓаните го искажаа својот став, мнозинството ја даде својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. Затоа, ние како нивни претставници треба да ја послушаме нивната волја и да ги подржиме уставните амандмани – рече Николова.

Таа повтори дек со амандманите не се губи ништо туку напротив, се гарантира идентитетот, неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.

– Како пратеници имаме должност и одговорност за донесувањето на оваа сериозна одлука. Никој нека не се надева на амнестија. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдоглаво ја турка Македонија во бездна, решението се предврмени избори, веднаш. Нема бегање од волјата на граѓаните. Апелирам до сите , да ја донесеме најзначајната одлука за нашата држава и да гласаме за уставните амандмани. Да бидеме горди што сме и го отвориле патот на нашата држава во ЕУ и НАТО и заедно сме обезбедиле иднина – рече пратеничката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...