Генералниот секретар на Меѓународната кошаркарска федерација Патрик Бауман почина на 51-годишна возраст, соопшти ФИБА.
Бауман почина во Буенос Аирес од срцев удар за време на Олимписките игри за млади.
Тој е во ФИБА од 1994 година. Првин работаше како адвокат. Генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација е од 2002 година, кога тој беше едногласно избран за таа функција. Од 2007 година е член на Меѓународниот олимписки комитет и е член на бројни организациски комитети на светските првенства и на Олимписките игри.
Баумен исто така беше истакнат член на Светската антидопинг агенција и еден од првите што даде поддршка за развојот на 3×3 баскет.
Фото: EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT