Тригодишно девојче тешко повредено по удар од товарно возило

227

На улица „7-ми Јули“ во Битола, товарно возило „Фиат Добло“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Прилеп, а управувано од И.Г.(38) од село Селце, прилепско, удрило тригодишно девојче од Битола.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобило детето и било пренесено во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...