Во 13,52 часот вчера од Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ пријавено е дека кај нив бил донесен повреден Ј.Н.(57) од Скопје вработен како супервизор во одделение за прифаќање и испраќање на воздухоплови во ТАВ.
Повредениот појаснил дека истиот ден околу 13 часот, додека ги вршел работните задачи, симнувајќи се од елеватор, се лизнал и паднал од висина од 1,5 метри, при што се здобил со тешки телесни повреди (напукнатини на ребра).