Бурно поздравена првата македонска фудбалска репрезентација

370

Пред натпреварот Македонија – Лихтенштајн вечерва на „Арена Филип Втори“ во Скопје продефилира првата македонска репрезентација која пред точно 25 години во Крањ ја победи Словенија со 4:1.

Предводени од тогашниот селектор Андон Дончевски, репрезентативците и другите од експедицијата во 1993 година кои беа учесници на тој историски прв натпревар за Македонија, беа поздравени со громогласен аплауз од неколку илјадната публика.

Фудбалската федерација на Македонија по повод јубилејот на членовите од експедицијата од Крањ им додели пригодни плакети и подароци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...