Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски го објави почетниот состав што вечерва ќе истрча на натпреварот со Лихтенштајн.
Во првите 11 за „црвено-жолтите“ се: Столе Димитриевски, Ѓоко Зајков, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Ферхан Хасани, Енис Барди, Елиф Елмас, Езџан Алиоски, Александар Трајковски, Горан Пандев и Илија Несторовски.
Ангеловски се одлучи да ги поштеди Стефан Спировски, Стефан Ристовски, Аријан Адеми, Бобан Николов и Мите Цикарски кои го пропуштија вчерашниот тренинг поради стомачен вирус.
Натпреварот од Групата-4 Дивизија Д од Лигата на нации меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра вечерва од 20:45 часот на „Филип Втори“ во Скопје.