Пожар зафати борова шума на 2 километри од Пехчево, во атарот на селото Чифлик. Искусниот планинар Марјан Митриновски од Пехчево во изјава за Плусинфо загрижено кажува дека пламените јазици го имаат зафатено делот со црн бор, кој куртулил после пожарот од пред неколку години.
-За жал, непромислените си ја сечат гранката на која седат. Невнимателноста си го прави своето. Човечкиот фактор е најчеста причина за пожар. Се надевам дека најбрзо што може пламените јазици ќе бидат минато и огнот нема да се прошири во пошироката околина. Истовремено, апелирам, да се внимава при престој во шума, со цел да ја заштитиме нашата животна средина и така неизвалкана, да им ја оставиме во наследство на идните генерации-вели Митриновски кој е шумарски инжењер по професија.
ФОТО: Марјан Митриновски