Поранешниот премиер на Република Македонија и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски се огласи на Фејсбук откако СЈО ја објави новата истрага „Поштенска банка“, во која тој бил опфатен за делото злоупотреба на службената положба и овластувања, но поради застареност нема да се гони кривично.
„И пред СЈО и сега пред јавноста недвосмислено изјавувам дека немам ништо со приватизацијата со Поштенска банка, а уште помалку со второто дело за кое ги товарат. Се работи за јасни постапки на приватни бизнисмени каде што целиот интерес профит е за нивните фирми. Од сите обвинети личности во животот едно пиво се немам напиено. Жал ми е што и покрај тоа што во СЈО самите ми потврдија дека Томица Главчев три пати ја сменил изјавата повторно решиле да го извалкаат моето име“, напиша Георгиевски на Фејсбук.
Повеќе за истрагата на СЈО можете да прочитате ТУКА, а реакцијата на Георгиевски ја пренесуваме во продолжение: