Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајкл Пенс испрати писмо до премиерот Зоран Заев, соопштуваат од Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија.
-Во писмото, потпретседателот Пенс пишува дека му преставувало чест да се сретне со премиерот Заев на 20 септември во Белата куќа во Вашингтон. Тој ја цени можноста заеднички да разговараат за спроведувањето на историскиот договор од Преспа со Република Грција-стои во соопштението.
Пенс ја истакнал неговата благодарност за покажаното лидерство во постигнувањето на договорот и нагласил дека 90 отсто од оние што гласаа на референдумот го одобрија Договорот од Преспа. Со тоа, смета Пенс, ја потврдиле огромната посветеност на европската иднина на Република Македонија.
„Соединетите Американски Држави ја споделуваат вашата посветеност за поголема сигурност и стабилност на регионот. Бидете уверени во мојата континуирана поддршка во овој важен момент за вашата земја“ пишувало во писмото до премиерот Заев.
Пенс истакнал дека во наредниот период очекува натамошно јакнење на пријателството меѓу двете земји.