Првата дама на САД Меланија Трамп изјави дека не се занимава со шпекулациите за наводните неверства на нејзиниот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.
Во интервју за мрежата Eј-Би-Си (ABC), запрашана за можните авантури на Трамп, првата дама одговори дека тоа за неа не е „прашање за грижа“.
– Јас сум мајка и прва дама, имам многу поважни работи за размислување, вели таа.
Меланија досега не ја коментираше аферата на нејзиниот сопруг со порно актерката Сторми Даниелс.
– Медиумите сакаат да шпекулираат. Не е секогаш пријатно тоа да се слушне, но знам што е точно, а што не е, вели Меланија Трамп.
ФОТО: EPA / Yuri Gripas / POOL