Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев пред почетокот на синоќешниот состанок на Извршниот комитет на партијата рече дека од дома никој не треба да го брка.
– Што би кажал јас народно, од дома не треба никој да ме исклучи – рече Јанчев откако претходно се појавија информација дека тој и пратеничката Даниела Рангелова ќе бидат разрешени затоа што гласале на референдумот.
Меѓутоа, дека нема да има нивно разрешување, уште пред одржувањето на состанокот, лидерот на паријата Христијан Мицкоски во изјава за Плусинфо рече дека нема да има разрешувања.