Рангелова: На референдумот требаше да излеземе и да се преброиме

На прашањето, дали има очекувања партијата да ја разреши од извршниот комитет, Рангелова одговори дека нема никакви очекување и нагласи дека нема да гласа за уставните измени.

4823

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унијата на жени Даниела Рангелова за Телевизија 24 вели дека на референдумот требаше сите граѓани на Македонија да излезат и да гласаат.

– На тој начин ќе се преброевме кој е „за“, а кој е „против“ Договорот од Преспа – изјави Рангелова пред вечерашниот почеток на седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека добива закани на социјалните мрежи, но дека не се плаши од нив. На прашањето, дали има очекувања партијата да ја разреши од извршниот комитет, Рангелова одговори:

– Немам никакви очекување. Јас имам мој став и ќе држам до него, без разлика што мисли раководството. За уставните измени нема да гласам.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...