Стевананџија: Што побргу одиме на избори, тоа подобро

1209

Ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да гласа за да го поддржи Договорот, тврдеше пратеникот од опозицијата Димитар Стевананџија на седницата на уставната комисијата.

– Атмосферата за тоа ќе биде создадена во понеделник и што побргу одиме на избори ќе биде подобро. На новите избори секој од нас и сите нови пратеници ќе имаат одговорност затоа што тоа го ветиле. Можеби овие пратеници имаат одговорност затоа што нешто ветиле – рече Стевананџија реплицирајќи му на премиерот Зоран Заев.

Заев претходно рече дека граѓаните ги бираат лидерите за да носат одлуки, но граѓаните не се секогаш до крај подготвени или не сакаат да ги носат одлуките и затоа бираат функционери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...