Момче било физички нападнато од мајка на негов соученик, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, З.Е.(42) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 18.30 часот на улицата „Женевска“ неговиот 13-годишен син физички бил нападнат од С.Н.Т.(50) – мајка на негов соученик. Според пријавеното, настанот го забележал неговиот брат Ф.Е.(18) и го оттргнал од С.Н.Т., по што и двајцата заминале-велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.